Град Скопје информира дека ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието.
Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос. Платите за ЈСП се обезбедени. Во меѓувреме остануваме на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови, велат од Град Скопје.
Од ЈСП велат дека се обезбедени се 2 милиони евра од буџетот на Град Скопје за функционирање на ЈСП и за септемвриските плати кои утре ќе ги земат вработените во ЈСП.
Со тоа ЈСП продолжува со нормално функционирање, откако градот Скопје најде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието.
– Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос – велат од ЈСП Скопје.
Во меѓувреме ЈСП останува на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.