Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со локалната самоуправа од вчера спроведуваат голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Шуто Оризари.
Екипите координирано до крајот на неделава на терен ќе спроведуваат активности за машинско и рачно миење и метење на булеварите и на улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можности за нивно вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици.
Во големата пролетна работна акција во Шуто Оризари на терен координирано ќе работат екипи на градските јавни претпријатија Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Водовод и канализација, Дрисла и Лајка – информира градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.