3-ти Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска го одбележавме со Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје. Како поддршка за подобрување на мобилноста на лицата на кои за движење им се потребни соодветни помагала, Градот Скопје обезбеди електромоторни погони како додатоци кои денес се доделија на лица корисници на инвалидски колички.

Континуирано работиме на подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, како еден од моите приоритети, при што се залагаме да се стекнат со мобилност неопходна за меѓусебна соработка и вмрежување, велат од Град Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.