Делегација од општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес положи свежо цвеќе и се поклони пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас” во Скопје, по повод 150 години од неговото раѓање.

Денес сме тука на одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најголемите македонски револуционери, почитуван и уважуван од македонскиот народ и припадниците на македонската револуционерна организација. Му се поклонуваме заради големото ослободително дело, заради желбата да го види својот македонски народ сплотен и слободен. Заради визијата што ја платил со животот. Денес, повеќе од било кога во поновата историја на Македонија сме соочени со опасност од бришење на нашата целокупна историја пред 1944, со пропаганда од нашиот источен сосед кој преку со лаги и манипулации сака да го присвои и ликот и делото на овој голем Македонец. Борбата против оваа пропаганда што ја води секој чесен Македонец кој си ја љуби татковината е продолжување на Гоцевата мисла, е аманетот кој ни го остави тој како наследство и како долг пред генерациите што доаѓаат. СЛАВА МУ!-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.