На состанокот на Кризниот штаб на Ѓорче Петров акцент беше ставен на снежните врнежи кои се најавуваат во периодот што следува, информираше градоначалникот на скопската општина Александар Стојкоски.
Делуваме навремено и плански. Сите вклучени страни се максимално подготвени. Залиха на сол веќе имаме подготвено, а ќе набавиме и доволна дополнителна количина. Годинава првпат располагаме и со сопствено возило за зимски услови кое ќе ни ја олесни постапката на расчистувње снег штом се јави потреба за тоа.
Полицијата во Ѓорче Петров веќе изготвува посебен план и ќе интервенира редовно, но и вонредно каде што има потреба.
Особено внимание ќе обрнеме на критичните точки, како што се мостот кон Даме Груев и патот кон Кучково.
Предвидена е 24-часовна дежурна служба на критичниот мост со цел превенција на евентуални сообраќајни незгоди.
Остануваме во редовна комуникација и со Дирекцијата за заштита и спасување, Град Скопје, фирмата „Анизор“ (за зимско одржување) и месните и урбани заедници, информира Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.