Сите осум основни училишта во Центар заедно со трите матични објекти на градинките и клоновите се подготвени за почетокот на новата учебна 2022/2023 година.

По средбата со директорките на  градинките, градоначалникот Горан Герасимовски денеска оствари средба и со директорките на основните училишта, соошшти Општина Центар.

-Образованието е клучна алатка за успешна и напредна генерација, а за успешно образование не е важна само наставата туку и условите во кои таа се одвива. Денеска директорките на основните училишта ме информираа дека сите основни училишта во Центар се подготвени за успешен почеток на школската година. Во сите основни училишта направена е дезинфекција и дезинсекција, а во тек е генерално чистење на просториите, рече Герасимовски.

Тој исто така информираше дека во ООУ „11 Октомври“ има нова кујна за здрави детски оброци. Герасимовски вчера објави и дека сите деца од Центар од 1 септември ќе бидат згрижени во  градинки на територија на оваа општина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.