Инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денеска излегоа на терен по пријави на граѓани дека на Водно има повторно градежни активности.
По извршениот увид, како што информираат од Општина Центар, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбано зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата која што копала.
Што се однесува до самата парцела, ова е парцелата каде одобрение за градба има инвеститорот Маркеза ДООЕЛ издадено на 7.4.2021 година. Оваа парцела се наоѓа во рамки на укинатиот ДУП Ј07 од страна на Уставен суд. По одлуката на Уставен суд, само оние со правосилни одобренија за градење можат да градат во тој опфат, се наведува во соопштението.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека на овој потег додека тој е градоначалник нема да дозволи градба, а пристапен пат не е предвиден и нема да се гради.
Според информациите, инвеститорот започнал активности за ископ очигледно со цел да ја задржи правосилноста на дозволата за градба, која доколку не започне градежни активности во предвидениот рок по закон ја губи. Но, тоа е сѐ што може да направи, бидејќи градба не може да има доколку нема пристапен пат, за кој како што веќе во повеќе наврати потврдив, општината нема да го гради, истакна градоначалникот Герасимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.