Уривање на дивоградбата на владината Служба за општи и заеднички работи ќе биде приоритет на Општина Центар, доколку СОЗР во меѓувреме не ја урне сама, вели градоначалникот Герасимовски за 360 степени.
Иако Деталниот урбанистички план за локацијата предвидува пристап до зградата на СОЗР по т.н Адвокатска улица, СОЗР на своја рака си поставила улица, која преку тротоарот за пешаци излегува на главниот булевар „Филип Втори Македонски“. Потоа, уличката е оградена на диво.
Газдите на околните парцели, чиј пристап бил блокиран, го пријавиле случајот уште во 2020 година. Инспектор од Општина Центар излегол на терен дури една година по пријавата, па на 15 октомври 2021 година издал Решение за уривање.
Од СОЗР пак, велат дека ја примиле наредбата за рушење на спорните елементи и дека „Службата ќе постапи во рамки на Законот“.
Целиоте текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.