Годината што изминува организиравме неколку големи акции за чистење низ неколку локации во општината, потсети денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Само во Крњево беше отстранета депонијата од повеќе од 700 гуми за автомобили. По 10 години општинската администрација искористувајќи ја целата механизација и нешто повеќе од 10 дена го исчисти и каналот кај т. н. шеста управа кај МВР.
Активно се чистеше и на локациите каде најчесто има зачестено и зголемено количество комунален отпад и на локации каде граѓаните несовесно остава кабаст отпад.
Вклучување на новата цистерна во уште позасилените акции за чистење во сите маала и критични точки.
Хигиената на јавната површина е обврска за сите нас. Затоа да внимаваме каде го фрламе отпадот и заедно изградиме нова приказна за почист Центар каков што го сакаме, рече Герасимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.