Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави помош за пензионерите.

Имено, тој нагласи дека за оние пензионери со најниски примања, општината издвоила 3,300.000,00 денари, со цел олеснување на животните трошоци.

Имајќи ги предвид претстојните празници, за новата програмска активност „Поддршка на повозрасните-граѓани пензионери во социјален ризик” издвојуваме помош која доаѓа како олеснување во овој тежок период, кога сите ние се соочуваме со последиците од економската криза. По претходно доставена документација на увид, финансиските средства на оваа група граѓани ќе бидат префрлени на нивните трансакциски сметки. Општина Центар ќе продолжи да им излегува во пресрет на најранливите категории граѓани – потенцираше Герасимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.