Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во посета на пензионерите од пензионерски клуб „Невена Георгиева Дуња“ близу Заводот за вработување во Капиштец. Оттаму ги потсети повозрасните жители на општината да не забораваат да аплицираат за бесплатните стоматолошки услуги, како и проектите „Нега на  стари лица во домашни услови“ каде пензионерите добиваат домашна нега од физиотерапевти, негуватели, социолози и психолози два дена во неделата и проектот „Сервис за одмена на семејна грижа“ наменет за лицата со Алцхајмер и деменција.

„Она што како општина го ветувавме и во предизборието се реализира. 90 домаќинства се посетуваат од страна на наши обучени тимови, физиотерапевти, социјални работници коишто им помагаат на нашите повозрасни сожители. Започна и проектот во кој наши тимови на луѓе ги посетуваат повозрасните лица од центар којшто се соочуваат со Алцхајмерова болест и деменција и им помагаат на семејствата“, рече Герасимовски пред пензионерите.

Општина Центар на барање на пензионерите отвори и три нови пензионерски клубови во населба Крњево и близу Универзалната сала. Дополнително во време на криза општината издвои 330.000 денари финансиска поддршка на повозрасните жители во социјален ризик. Општина Центар продолжува да вложува во проекти кои ги олеснуваат пензионерските денови и длабоката старост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.