Без електрична енергија денеска од 11:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Прашка“ од бр.54 до бр.70 и дел од улицата „Букурешка“ од бр.110 до бр.140 во општина Карпош.

Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Париска“ без број спроти ГОБ „8 Септември“ и Клиниката „Жан Митрев“ во општина Карпош.

Без струја од 8:00 до 12:00 часот ќе бидат жителите од улицата „532“ во населбата Марино и фирмите Агриматко, Пламтекс, Метромедикал и Димима во општина Илинден.

Во периодот од 12:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од жителите од село Кучевиште, а од 9:00 до 15:30 часот корисниците од селата Семениште, Чајлане, Раовиќ, Буковиќ и Ласкарци.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.