Во услови на енергетска, економска криза и зголемена инфлација Градот Скопје донесе одлука со која ќе им помогне на најранливите категории на граѓани со средства во износ од 15 милиони денари.

Овие средства во вредност од 15 милиони денари граѓаните за кои истите се наменети ќе можат да ги искористат за плаќање на своите сметки за електрична енергија кои од месец во месец вртоглаво растат.

Станува збор за еднократна парична помош за социјално загрозени семејства кои во овие тешки времиња се најпогодени од кризата, велат од Градот.

Помошта е наменета за самохрани родители, пензионери со ниски месечни примања, деца без родители како и други ранливи категории на граѓани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.