На денешната седница во Советот на Град Скопје сите преложени амандмани за реконструкција на улици беа одбиени од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со еден изговор дека не треба да се крати од ставката на зеленило, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Амандман кој што се однесува на предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2022 година да се предвидат средства во висина од милион денари со дополнување на нова ставка во програма за изградба и реконструкција на локални патишта категорија 4 8 2 и други градежни објекти во општинска соработка за санација и реконструкција на улицата 2 во Долна Матка, општина Сарај го одби градоначалничката на Град Скопје со образложение дека не смее да се крати на зеленилото, потенцираа од партијата.

Овој амандман како и претходните амандмани, како и оние кои што следуваат, буквално до еден се дел од програмата за модерно Скопје. Кога велам дека ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанавме зад оваа програма тоа не значи само декларативно да зборуваме туку ние тоа го правиме со дела и го докажуваме во рамките на нашата можност. Кои се нашите можности како советници овде на оваа седница да предложиме одлуки, амандмани, решенија, итн. кои што доколку бидат прифатени обврска на градоначалникот и на Градот е истите да ги реализира. Тргнувајќи од тој момент на страна 36 од програмата стои реконструкција и изградба на улици и меѓу кои и оваа во општина Сарај, појасни советничката Марија Андоновска во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.

Андоновска додаде дека Матка е туристичко место и потребно е да се реконструираат улиците.

Во наш интерес е т.е. во интерес на сите граѓани е тоа да биде донесено и реализирано, нагласи советничката Андоновска.

За амандманот кој што се однесува во предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2022 година да се предвидат средства во висина од 6 милиони денари со дополнување на нова ставка во програма за реконструкција на локални патишта категорија 4 8 2 други градежни објекти за меѓуопштинска соработка за санација и реконструкција на улица Социјалистичка зора со Сремски фронт во општина Ѓорче Петров градоначалничката се изјасни дека не го прифаќа амандманот со образложение дека проектот е неприфатлив бидејќи од ставката за зеленило нема да се крати, додадоа од ВМРО-ДПМНЕ.

За нас како коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема несериозни амандмани бидејќи сите амандмани потекнуваат од барањата на граѓаните, дали од програмата или од она што сме ветувале на терен. А, ова е дел од тие ветувања, нагласи Андоновска.

Амандманот во предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2022 година да се предвидат средства во висина од три милиони денари со дополнување на нова ставка во програма за изградба и реконструкција на локални патишта категорија 4 8 2 други градежни објекти за меѓуопштинска соработка за реконструкција и санација на улица 30 во населено место Љуботенски пат, општина Бутел. За овој амандман Арсовска рече дека не го прифаќа со исто образложение како за претходните два амандмани.

Советничката Емилија Ангелова истакна дека овој амандман би требало да се прифати од страна на градоначалничката бидејќи граѓаните тоа го очекуваат.

За санација на оваа улица не се одзема од ставката на паркови и зеленило туку се работи на ставка градежни објекти каде што би се повлекле овие три милиони денари. улицата 30 во населено место Љуботенски пат која што е лоцирана во општината Бутел е практично она барање кое што населението го има кон нас. И сметам дека навистина треба да им се излезе во пресрет заради тоа што се работи за санација и реконструкција и решавање на децениски проблем во општина Бутел. Така да сметам дека овој амандман треба да биде прифатен и повторно со напомена дека не се работи за одземање финансии од ставката подигање и одржување на паркови, туку се работи одземање финансии од ставката градежни активности, нагласи советничката Ангелова.

Амандманот во предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2022 година да се предвидат средства во висина 10 милиони денари со дополнување на нова ставка во програма за изградба и реконструкција на локални патишта категорија 4 8 2 други градежни објекти за меѓуопштинска соработка за реконструкција и санација на улица Перо Наков во населба Керамидница. Градоначалничката на Град Скопје и за овој амандман се изјасни дека нема да се прифати.

Јас би се навратила на Букварот на Скопје, програмата за модерно Скопје, денеска ние предложивме неколку амандмани, а сите тие се буквално од програма за модерно Скопје. Сите тие се од ветувањата што ги дававме заедно на терен идејќи со градоначалничката на Град Скопје, потсети Андоновска.

Пред паузата исто така беше одбиен амандманот за реконструкција на улицата Христо Татарчев во општина Кисела Вода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.