Обвинители и припадници на Финансиската полиција од вчера се влезени во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, објави Плаусинфо.

Да, обвинителите беа тука, имавме состанок, тоа беше првично, но ништо конкретно не е преземено. Овие што беа од финансиска полиција и од МВР, најверојано по допрен глас, зашто во медиумите тоа се објавуваше, беа тука во врска со тендерот за дизајн и изработка на Пречистителната станица за отпадни води во Град Скопје. Немаа други цели, само за тој тендер се интересираа – изјави директорот Марјанчо Митовски за „Плусинфо“.

За тој тендер, кој беше во фокусот на конфликтот со неговиот претходник, новиот директор Митовски вели дека непречено си тече. На прашање дали ќе се менува составот на Комитетот за евалуација на понудите на тендерот, Митовски вели „досега нема измени, а не сме размислувале за такво нешто“.

Тендерот си тече и не е ни спречен. Во тек е евалуација и тука не се мешаме. Јас како директор не влијаам дали тендерот ќе продолжи да се евалуира, а сега се евалуира, не е прекината постапката. Само беа луѓето од Министерство за внатрешни работи за да добијат информации, постапката не е прекината, а тие понатаму ќе прават анализи и стратегија, како и што ќе се постапува, и не е ништо прекинато – рече Митовски.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.