Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се прикажува вечер пред Домот на културата „Билјана Беличанец” во Општина Кисела Вода, во рамки на летниот филмски фестивал „Кино на отворено“.
Проекцијата е во 21 часот. Од Општината соопштија дека како и за сите досегашни проекции, влезот е бесплатен, а половина час порано, за најмладите ќе се прикажуваат анимирани филмови од архивата на „МакеДокс“.
Летниот филмски фестивал е во организација на Општина Кисела Вода и се одржува со поддршка на „МакеДокс“. Почна во вторникот, а ќе заврши утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.