Електронската наплата на сметките за вода од скопскиот регион сега е во рацете на фирма која е основана само 4 дена по назначувањето на сега веќе разрешениот в.д. директор Марјанчо Митовски. Тој го потпишал договорот за јавната набавка, а по разрешувањето останува како втор човек во Водовод, јавува Радио Слободна Европа
Нова фирма чија основна дејност се интернет портали, ама нема своја веб страница, го доби тендерот за системот за електронска наплата за сметки во скопскиот Водовод. Иако е стара само два месеци, таа победи во трката со компании кои со години работат на софтверски решенија за државни институции.
Тендерот од 18 илјади евра, за одржувањето на системот за електронска наплата на сметки на „Водовод и Канализација“- Скопје, го доби фирмата „Кликмедиа 101“ . Таа е основана четири дена по назначувањето за в.д. директор на јавното претпријатие Марјанчо Митовски. Електронскиот систем за наплата на сметките за вода го користат над 50 илјади корисници на услугите на скопскиот „Водовод“.
Митовски на директорското столче седна на 12 септември кога од него стана Златко Перински по јавната кавга со скопската градоначалничка Данела Арсовска поради, според неа, спорниот тендер за „пречистителна станица“.
Според податоците од Централен регистар фирмата „Кликмедиа 101“ е основана четири дена по назначувањето на Митовски за в.д, директор на 16 септември минатата година, кој го потпишал договорот за јавната набавка. Митовски по разрешувањето од в.д. директор е назначен за технички директор, што според органомот на Водовод и Канализација значи дека е вториот човек во јавното претпријатие.
Целиот текст на Радио Слободна Европа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.