Поранешниот директор на „Водовод и канализација“ Марјанчо Митовски на 25 февруари, годинава бил пријавен во полициската станица во Скопски Карпош дека се заканувал на извесен Ѓ.Б., неофицијално дознава „Фокус“.
Според документите со кои располага медиумот, екс директорот бил пријавен дека во временскиот период од 15 до 18 и 20, часот, истиот ден преку мрежата Телеграм испраќал пораки со заканувачка и вознемирувачка содржина. „Фокус“ располага и со пораките кои му биле упатени на момчето и на неговото семејство, со што тие се почувствувале дека им е загрозен животот и безбедноста.
Според нивните информации момчето на кое се заканувал поранешниот директор на „Водовод и канализација“ е внук на генералниот секретар на Град Скопје и десна рака на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, Зоран Глигоров.
Повеќе на „Фокус“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.