Градоначалничката Арсовска денес учествуваше во еколошка акција за зазеленување на Сарај и јакнење на капацитетите за меѓуопштинска соработка помеѓу Градот Скопје и општините, на иницијатива на дел од членовите на Советот на Град Скопје.

Иницијативата за акцијата организирана од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје, а во активностите се приклучија и членовите од советничката група на АА.

За време на денешните активности, градоначалничката Арсовска и советниците посетија повеќе локации каде се реализираа акции за чистење, а беа засадени и дрвја.


Покрај овие активности, градоначалничката Арсовска и советниците денеска остварија средби со членовите на советот на општина Сарај, каде разговараа за подобрување на меѓусебната координацијата со цел зголемување на ефикасноста во работењето. На средбите се разменија мислења и идеи за проекти, а се дадоа и предлози за подобро заедничко дејствување и меѓуопштинска соработка.

Град Скопје и во иднина ќе дава поддршка на ваквите иницијативи и ги повикуваме сите партии и граѓански здруженија да ја поддржат оваа активност и да дадат сопствен придонес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.