Градоначалничката Арсовска денеска учествуваше во еколошка акција во паркот во населбата Хром во Ѓорче Петов за зазеленување, на иницијатива на дел од членовите на Советот на Град Скопје.
Иницијативата за акцијата организирана од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје, а во активностите се приклучија и членовите од советничката група на АА, како и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
За време на денешните активности, градоначалничката Арсовска и советниците посетија повеќе локации каде се реализираа акции за чистење, а симболично беа засадени и 10 дрвја.
Покрај овие активности, градоначалничката Арсовска и советниците денеска остварија средби со членовите на советот на општина Ѓорче Петров и пратеници, каде разговараа за подобрување на меѓусебната координацијата со цел зголемување на ефикасноста во работењето. На средбите се разменија мислења и идеи за проекти, а се дадоа и предлози за подобро заедничко дејствување и меѓуопштинска соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.