Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во втората и во третата смена, реализираа засилени активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад во сите скопски општини., инфомрираат во писмено соопштение од ЈП Комунална хигиена.

Континуирано се расчистуваа и повеќе обемни диви депонии лоцирани на улиците Џон Кенеди, Благоја Паровиќ и Методија Митевски во општината Чаир, како и на улицата Прашка во општината Карпош.
Воедно, беа спроведени активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини со коишто беа опфатени и  централното градско подрачје, кејот „13 Ноември“ и Старата скопска чаршија.
Екипите на Претпријатието и во текот на денешниот ден ќе продолжат со засилена динамика да го подигнуваат комуналниот отпад од поставените контејнери и кантите во индивидуалните домаќинства на територијата на градот Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.