Двајца туристи од Хонк Конг се изгубиле во кањонот Матка во регонот на манастирот „Свети Никола Шишевски“ по што се пронајдени од тим од полициската станица Сарај преку Единствениот број за итни случаи 112.

Повикот за помош е примен денеска во 18:10 часот преку мобилен телефон без картичка.

На англиски јазик тие го информирале вработениот од Единствениот број за итни случаи дека се изгубени и дека имаат минимално храна и вода.

– Дежурниот оператор на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, бил подолго време во комуникација со нив и ги координирал да пронајдат нешто забележливо во нивната околина.

По пронаоѓањето на знак на патека за манастирот „Свети Никола Шишевски“ дежурниот оператор од 112 во ЦУК им посочил да останат до знакот на патеката.

Потоа веднаш координирал со МВР за нивно пронаоѓање и за извлекување на безбедно, соопшти ЦУК. Туристите се пронајдени и безбедно извлечени во 20:15 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.