Новиот директор на МКЦ, музичарот Бени Шаќири, директорската канцеларија ја дели со сега веќе поранешниот директор, детективот Никола Алексов, кој не сака да ја напушти канцеларијата, бидејќи сѐ уште не бил разрешен и немал причина да си оди.
Шаќири во разговор за „Плусинфо“ ја потврдува информацијата и додава дека бил во супер односи со веќе поранешниот директор Алексов.
Точна е информацијата, двајцата сме во иста канцеларија. Имаме супер однос со Алексов. Примопредавањето на функцијата се одвива најнормално. Останува чисто формално да се реши неговото разрешување кое сѐ уште не е пристигнато од Град Скопје, вели Шаќири.
Градоначалничката Данела Арсовска, го назначи Алексов за в. д. директор на 18 јануари 2023, за потоа да му го продолжи мандатот во мај и уште еднаш во ноември. Решението за Шаќири, пак, е потпишано на 10 јануари без притоа да биде известена институцијата и останатите кандидати што се пријавија за директорското место во МКЦ.
Освен Шаќири, пријавени беа и филмскиот работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.