Општина Арачиново не е „заборавено село“ туку е Општина која заслужува и има потреба од безброј грижа, особено од државните институции, порача директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу на Фејсбук откако обезбеди транспортно возило за услугите на селската џамија.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше оваа одлука како спротивна на уставниот принцип на секуларна држава.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот доделил едно комбе „Цитроен“ на џамијата во Арачиново. Одлуката е спротивна на уставниот принцип на секуларната држава, уште повеќе што во ова време на криза многу државни болници, градинки и училишта имаат реална потреба од превозни средства, а немаат средства за истите да ги набават, изјави Милошоски за Плусинфо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.