Јас Драган Илиевски: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа, вели новиот директор на Зоолошката градина во Скопје.

Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа.

Јасно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ.

Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.