Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто, кој се гради со меѓуопштинска соработка помеѓу општина Гази Баба, Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило.

Паркот се наоѓа во непосредна близина на ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто.

Како што соопшти градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ претходно целосно го расчистија просторот, поставија нов систем за полевање, а во наредниот период ќе се формира и тревна површина. Новиот парк ќе биде збогатен и со два нови видиковци изработени од дрво.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во моментов на терен ги изведуваат пешачките и пристапните патеки во паркот. Новиот парк ќе има една главна пешачка патека во должина од 100 метри и широчина од 2,70 метри, или со вкупна површина од 350 квадратни метри. Дополнително, во новиот парк ќе се изградат и две помали пристапни патеки, кои ќе водат до новите видиковци, кои ќе бидат во должина од по 20 метри и со широчина од 1,50 метри. Покрај патеките на повеќе локации се планира и поставување на клупи и друг вид на урбана опрема.

Продолжуваат инвестициите во нови парковски површини. Нашата Гази Баба го живее новото време!, порача Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.