Зуди Енузи Кока, в.д. директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, објави видео со срамна содржина во кое се гледа како поединци намерно ги уништуваат контејнерите и го разнесуваат отпадот низ центарот на Скопје.
Срамно! Анонимно од страна на граѓани ни беше испратена оваа снимка на којашто може да се види како поединци намерно ги уништуваат садовите за одлагање на отпадот и разнесуваат отпад низ центарот на Скопје.
Ваквото недолично и безобразно однесување каде што може да се види и уништување на јавен имот е забележано на неколку локации низ градот, на местата каде што комуналните служби претходно имаат исчистено, поединци отпадот го разнесуваат намерно и од црни кеси го истураат на јавни површини. Дали станува збор за организирана акција ќе треба допрва да се утврди“ – напиша тој.
Енузи порача:
Ги повикувам граѓаните да реагираат на ваквото срамно однесување, а доколку забележат вакво однесување на поединци или групи истото да го пријават. Скопјани заслужуваат да живеат во чиста животна средина, а ваквото однесување е непочитување на трудот на комуналните служби, но и претставува казнено дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.