Детската градинка „Детска радост“ од скопска Автокоманда, чија директорка е разрешена поради незаконско работење, во непланирана јавна набавка купила 3 машини за перење алишта за што платила повеќе од 15.000 евра или безмалку по 4.000 евра по парче, објави порталот Курир.

Според порталот, оваа и неколку други јавни набавки направени во градинката не биле дел од планот за набавки за лани.

Купувањето на машините за перење алишта ја чинело градинката вкупно 938.100 денари (15.228 евра)  со  вклучен ДДВ.

Дополнително, според пораталот, сомнеж на оваа јавна набавка дрла и тоа  што во Планот за јавни набавки за 2022 година кој е задолжителен согласно Закон, оваа јавна набавка воопшто не е предвидена за реализација, а истата се реализирала.

Покрај овој договор, биле склучени и договори за услуги за хортикултурно уредување на зелени површини тежок 500.000 денари, како и договор за набавка на кујнска опрема во висина од 179.124 денари.

Заедничко за сите овие три договори е тоа што истите се реализирани, а не биле дел од планот за јавни набавки на детската градинка.

Дел од незаконското работење било утврдено и во ревизорскиот извештај, по што директорката на градинката е разрешена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.