Советот на Општина Карпош ги повредил правата на децата загрижени во детските градинки на ова општина со тоа што донесел одлука со која децата кои не се место на живеење во ова општина треба да се отпишат најдоцна до 10 јуни 2022 година, велат од Народниот правобранител.
Народниот правобранител согласно законски определениот мандат и надлежности, меѓу другото, за заштита и остварување на правата на децата, благовремено презеде дејствија и достави Укажување до градоначалникот на општина Карпош и до претседателот на Советот на Општина Карпош, за констатирана повреда на правата на децата згрижени во детските градинки во општина Карпош.
– Со донесената Одлука се врши повреда на правата на децата, им се наштетува на овие деца и се постапува спротивно на најдобриот интерес на децата загарантиран со Конвенција за правата на детето и со Законот за заштита на детето, а воедно се постапува и спротивно на Уставот на Република Македонија, и побара отстранување на констатираната повреда. (линк кон дописот), велат од Народниот правобранител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.