Несекојдневна спасувачка мисија изведе на тимот на ЈП Лајка изминатиот викенд. Ветеринари и заловувачи спасија куче од расата Далматинец паднато во реката Вардар.
Како што информираат од ЈП„Лајка“ благодарение на брзата и успешна интервенција, кучето било извлечено на брегот и згрижено во прифатилиштето, се’ до пронаоѓањето на сопствениците.
Некогаш е прашање на миг дали животното ќе загине или преживее. Во различни околности, доаѓа до различни завршници. Затоа јавно упатуваме апел до сите сопственици на миленици секогаш да внимаваат на своите кучиња, да не ги пуштаат да шетаат без контрола и бидат пример за одговорно сопствеништво, апелираат од ЈП„Лајка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.