Почитувани сограѓани и пријатели, денес, по подолго време им се обраќам на истражните органи во Република Македонија, а со намера да се проверат неколку ситуации, пишува во своето обраќање советникот во Град Скопје Петар Милетиќ.

Тој му поставави и неколку прашам на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски за, како што вели, да ги појасни фактите:

  •  Дали е точно дека менувачницата на Стевчо Јакимовски во Сити мол со која работи неговата втора сопруга, во неговиот мандат од 2013. до 2017 година имаше огромен обрт на средства и добивка, а од 2017. до 2021 година, добивката му беше евидентно намалена. Дали е точно дека од 2021. па до денес (01.11.2023.) е повторно зголемена? Зошто е тоа така и дали не станува збор за перење пари или корупција?
  •  Дали Стевчо Јакимовски со дадената дозвола за Сити мол (во својство на Градоначалник) имал договор со една фирма на добро познат бизнисмен дека во самиот мол ќе има само една менувацница, а која ќе биде резервирана за неговата сопруга, покриена со долгогодишен договор? Дали е можеби веќе во нивна сопственост? Ќе имаат ли храброст неговите сегашни коалициски партнери (СДСМ и ДУИ) да го проверат тоа?
  • Дали во моментов има предмет во општина Карпош за кој Министерството за транспорт и врски му поништува две решенија, а се однесуваат на нелегално дооформено земјиште? Дали во тој предмет му се одземени правата на еден сопственик и дали истиот инвеститор го уценува и бара противуслуга за да го реши предметот, а кој според законите на Р.М е кристално чист. И дали на тоа исто земјиште има запишано негови луѓе?
  •  Дали Стевчо Јакимовски во неговите јавни претпријатија во Град Скопје има именувано заменик директор кој е осуден за местење тендери? Дали Никола Николовски звани Нита беше дел од комисијата во општина Карпош задолжен за исправноста на тендерската документација? Дали добро ме служи помнењето дека заменикот директор го призна делото и беше осуден на една година условно?


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.