Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на одбележувањето на Денот на ослободување на Скопје – 13 Ноември организираше мултимедијален настан во Јавна соба (Public Room).

Настанот се реализираше во соработка со нашите пријатели од Здружението на граѓани за унапредување на националната култура „Диверзиум“ од Скопје чија основна цел е подигнување на свеста и личниот потенцијал за развој на секоја личност од аспект на културата.

Во рамки на одбележувањето на еден од најзначајните денови во историјата на град Скопје беше поставена изложба на фотографии во кој го прикажавме историјатот на Скопје, се емитуваа видео материјали од животот во Скопје некогаш и сега, како и кратки сведоштва на неколку скопски урбани легенди.

Дополнително, организирана беше и панел дискусија со наслов „Скопски муабети“ на која панелисти беа:

⁃ Јасмина Намичева, кустос во Музејот на градСкопје,

⁃ Тошо Филиповски, музички новинар ихроничар на македонската популарна музика и

⁃ Калина Јовчевска Корчагин, внука намакедонскиот народен херој и учесник во НОВ, Раде Јовчевски Корчагин.

На панел дискусијата „Скопски муабети“, гостите од свој агол проговорија за амбиентот од домовите на старите семејства или секојдневниот животот во Скопје во различни историски периоди.

„Тука сме да ги споменеме луѓето кои што допринеле за нашата слобода. Музеите се места кои што се трезори на различни наративи, на историски случувања трезори на сето она што е исткаено во историјата на градовите и секако на семејните истории. Сакам да ве потсетам на неколку клучни работи кои што го ткаат го сочинуваат ткивото на овој град. Зад планината која што се наоѓа зад нас некои 8 илјади години наназад Скопјаните од Говрлево успеале од еден грст најобична глина да ја создадат заштитничката односно божицата мајка која што низ сите овие векови до денес бдее над жителите на градот“, Јасмина Намичева, кустос во Музејот на градСкопје.

Намичава посочи и неколку дела на луѓе кои што минувале низ Скопје и креирале многубројни дела кои го направиле градот што поубав за живеење.

150 години пред појавата на раната ренесанса нашите зуграфи, или зоографи како што ги нарекуваме успеале да направат врвни дела, успеале да ја искреираат повторно чувателката на градот односно Богородица, која што бдее врз одарот на својот син во манастирот Пантелејмон. Многу луѓе кои што низ своите крстопати тука минувале успеале да создадат многубројни различни дела. Хотелот „Јадран“ кој е изграден во 30-тите години од 20-тиот век кој е дело на руски архитект кој застанал во Скопје и за само 10 години успеал да направи повеќе од 500 објекти во Скопје. Понатаму во Скопје доаѓаат и светски урбанисти светски архитекти кои што се во тој момент најпопуларните урбанисти во светот, студиото на Кензо Танге, како и останатите 7 студија да искреираат еден нов лик на градот современ лик на Скопје. Полските урбанисти исто така создале еден проект за градот кој што понатаму е доразвиен. Вакви приказни имаме илјадници, посочи Намичева.

„Шест децениската врска помеѓу рок музиката и Скопје е навистина како класична љубовна врска која имала подеми и падови. Рок музиката навистина се инспирирала од тоа што значи Скопје, скопскиот живот, скопскиот мирис, скопските топоними, скопскиот зрак, Скопје како начин на живот. И самите музичари дале многу за Скопје споменувајќи ги сите овие приказни низ нивните дела“, истакна Тошо Филиповски, музички новинар и хроничар на македонската популарна музика.

Тој посочи дека во сите тие шест децении Скопје во различни декади имало силни експоненти на таа современа урбана култура.

Во текот на панел дискусијата се обрати и Калина Јовчевска Корчагин, внука на македонскиот народен херој и учесник во НОВ, Раде Јовчевски Корчагин која што го честита празникот 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје.

Јас сум внуката на Раде Јовчевски Корчагин кој што е роден 1919-та година во Скопје, во близина на Народната Банка каде што е сега и има спомен обележје. Тој е еден од основачите на двата скопски партизански одреди кои биле формирани со цел да ја ослободат Македонија од окупаторот. Поради неговите дела и борба за ослободување на Македонија, бугарскиот фашистички окупатор на двапати го има осудено со смртна казна без да биде присутен тој. И најмалку трипати е мачен до смрт, рече Јовчевска Корчагин.

Таа посочи дека дедо и Раде Јовчевски Корчагин бил убиен во 1943-тата година од бугарски агент по наредба на бугарската полиција.

Денес во негова чест една од можеби најпознатите гимназии го носи неговото име, во чест и да потсети за неговото дело и жртва која што ја дал за ослободување на Македонија. А, јас како негов потомок мојата должност е да не дозволам сега да не се прави политика со Македонија и да знаеме што значи слобода и кои се човековите права, укажа таа.

Скопските муабети беа заокружени со размислувањата на новата генерација скопјани, нивните мечти и соништа, предизвици и визии за тоа како треба да изгледа еден модерен град и што ни е потребно за да ги постигнеме нивните очекувања за да ги задржиме овде – во Скопје!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.