Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ја посети новоотворената библиотека „13 Ноември”, која функционира во рамките на библиотеката „Браќа Миладиновци”. Тој вели дека неговата цел е повторно просторот во кој е сместена библиотекатата да се направи центар на културниот живот во општина Кисела Вода.

Со богат библиотечен фонд од околу 8000 наслови, тука вклучувајќи лектирни изданија, стручната литература и светската популарна белетристика која постојано ќе се надополнува со нови наслови, за да ги задоволиме потребите и интересите на сите наши читатели.

Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу детска литература, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години.

Дополнително, овој простор ќе биде искористен за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители, напиша Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски заедно со директорката на градската библиотеката “Браќа Миладиновци” во чиј состав функционира клонот “13 Ноември”, Снежана Стојчевска, го разгледаа просторот и книжевниот фонд од околу 8000 изданија кој им се нуди на читателите.

Големо е моето задоволство што успеавме во уште една значајна цел која долго време беше наша визија за Домот на култура “Билјана Беличанец”. Пред само еден месец, на ова место го возобновивме киното кое во минатото било симбол на овој дел од градот, но како што уште тогаш најавив, нашата задача е овој простор во целост повторно да го направиме центар на културниот живот во општина Кисела Вода. Ова секако подразбираше и да ја возобновиме библиотеката која тука функционирала обединувајќи ги вљубениците во пишаниот збор. Благодарение на соработката со градската библиотека “Браќа Миладиновци”, за што посебно сакам да се заблагодарам на директорката Снежана Стојчевска, жителите на општина Кисела Вода повторно го имаат овој простор за себе. Возобновената библиотека “13 ноември”, која функционира во рамките на градската библиотека “Браќа Миладиновци” на читателите од Кисела Вода им обезбедува широк спектар на литературни дела, од класични до современи, од едукативни, стручни до забавни. Со богат библиотечен фонд од околу 8000 наслови, тука вклучувајќи лектирни изданија, стручната литература и светската популарна белетристика која постојано ќе се надополнува со нови наслови, за да ги задоволиме потребите и интересите на сите наши читатели. Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу детска литература, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години. Дополнително, овој простор ќе биде искористен за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители. Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник продолжуваме со заложбите за доближување на локално ниво сите форми на култура и уметност до нашите жители, бидејќи културата е душата на општеството, неопходна за неговиот напредок и вредност-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Повторното отворање на библиотеката „13 Ноември“ после 15-тина години претставува продолжување на библиотечната дејност на територијата на Општината или на традицијата долга повеќе од 50 години. Сместена е во Домот на култура „Билјана Беличaнец” и работи секој ден од понеделник до петок, од 08 до 16 часот. Годишното членство чини 300 денари, а членството за деца од предучилиштна возраст, како и на лица со посебни потреби или во социјален ризик е бесплатно. Денес библиотеката ја посетија повеќе првоодделенци од ООУ “Круме Кепески” кои добија членски книшки и имаа можност да разгледаат детски изданија кои би сакале да ги читаат, а повозрасните читатели избраа бестселери.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.