Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците на улиците „Крагуевска“, „Беджих Сметана“ и „Драган Ѓаковски-Шпато“ во општина Карпош.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок Ф – 100 милиметри на улица „Крагуевска“ бр. 9. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Без вода денеска од 9 часот ќе останат и корисниците од улицата „Франклин Рузвелт“, лоцирани на потеготот од улицата „Орце Николов“ до бул. „Партизански одреди“ во општина Центар.

Прекинот е поради санирање дефект на улица „Франклин Рузвелт“ бр. 60 во населба Центар. Жителите ќе бидат без вода до санирање на дефектот.

Без струја денеска од 8 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Драчево“, „Чучевска“ и „Китка“ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.