Поради планирани прекини на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа на ЕВН утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Сарај и Карпош.
Како што информираат од РЦУК, во период од 09,00 до 15,00 часот без струја ќе биде дел од село Сарај кај трговскиот центар, а од 12,00 до 15,00 часот делови од ул. „Париска“ бр.5 и ул. „Букурешка“ бр. 21,19,17 и 15 во општина Карпош.
Од РЦУК, согласно податоците од ЈП Водовод и канализација Скопје, информираат и дека денеска ќе се започне со чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Припор 2. Активностите ќе отпочнат во периодот од 08:00, а можно е да има мал прекин на водоснабдување општина Сопиште.
Поради изведување на водоводен приклучок ф100мм на улица „Маџир Маало“ бр.15 (населба Маџир Маало – Центар ), пак, прекинато водоснабдување од 10:00 часот ќе имаат дел од корисниците на ул. „Охридска“, потегот од ул. „Петричка“ до ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“. Прекинот ќе биде до завршуање со работните активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.