И ова лето, одбојкарското игралиште на кејот на реката Вардар во Општина Аеродром ќе биде отворено за сите љубители на одбојката на песок.

Термините се бесплатни и се закажуваат на телефонскиот број 076 960 180. Пожелно е да се резервира неколку дена однапред, информираат од општината.

– Терените се отворени секој ден од 10 до 23 часот, при што еден термин е во времетраење од еден час. На теренот за одбојка низ целото работно време ќе бидат присутни и стручни лица кои ќе им помогнат на сите рекреативци подобро да се запознаат со овој спорт, доколку имаат потреба од тоа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.