Градоначалничката Данела Арсовска не смета дека таа и новото раководство на Град Скопје и ЈСП имаат вина и се одговорни за тоа што Скопје може да остане без јавен превоз. Вработените во ЈСП „Скопје“ уште немаат земено плата за септември и ова не е првпат да им доцни платата, па поради тоа вчера се заканија дека нема да возат и со тоа јавниот превоз во градот ќе биде во колапс.

САКАМДАКАЖАМ.МК ја праша Арсовска како таа и новото раководство што го постави дозволија претпријатието да се доведе во оваа ситуација, со оглед дека клучните ветувања на изборите ѝ беа токму за јавниот превоз, односно бесплатен превоз за сите граѓани и 250 нови еколошки автобуси. Но, сега не само што не се реализараат тие ветувања туку се доведува во прашање јавниот превоз во Скопје. Директор на ЈСП „Скопје“ е Александар Стојковски.

Поважно е прашањето како некој направил мултимилионски долгови во ЈСП за 4 години поради кои претпријатието е во критична состојба. За неколку месеци, директорот на ЈСП прави сè што може за консолидација на претпријатието што е соочено покрај со наследените милионски долгови и со 400% зголемување на енергенсите поради енергетската криза – вели Арсовска.

Таа додава дека Скопје нема да остане без јавен превоз, бидејќи на вработените деновиве ќе им биде исплатена септемвриската плата.

Целиот текст на СДК.МК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.