Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан бајрам.
-Со искрени желби за добро здравје, среќа, радост и благосостојба, на сите граѓани од исламската вероисповед им упатувам срдечни честитки по повод Рамазан бајрам.
На првиот ден на Рамазан бајрам, да се потсетиме на значењето на солидарноста, соживотот, толеранцијата и на меѓусебното разбирање.
Сплотени, заедно можеме многу да промениме на подобро и да придонесеме за благосостојба на сите наши сограѓани, градејќи праведно, правично и просперитетно општество во кое сите поубаво и подобро ќе живеат, стои во честитката на Арсовска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.