Арсовска со поддршка на проектот Инклузивни политики и знаења, за подобрување на инфраструктурните пристапи за олеснето функционирање на лицата со хендикеп

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со претставничките на Движењето против Хендикеп „Полио Плус“, во рамки на која се потпиша договорот за поддршка за реализација на проектот „Инклузивни политики и знаења“ за подобрување на условите за живот и функционирање на лицата со попреченост во градот Скопје.

Проектот се реализира согласно Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита, во Град Скопје, за 2022 година, и има за цел да допридонесе за поголема инклузивност на лицата со хендикеп.

Подобрување на условите за живот и поголема инклузивност на лицата со хендикеп е еден од приоритетите на Градот Скопје. Целта е на овие лица да им се овозможи целосна пристапност во сите објекти и инфраструктурно уредување за нивно олеснето функционирање во сообраќајот, истакна градоначалничката Арсовска.

На средбата беа договорени иницијативи и активности кои Градот ги презема, а во насока на надминување на предизвиците на лицата со хендикеп, но и преземање на подобри локални политики за инфраструктурна пристапност и поголема инклузивност на лицата со хендикеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.