Во втората фаза од реализацијата на проектите за 2022 година од програмата на градоначалничката Арсовска, „За Модерно Скопје“ во јули по 12 години почнува реконструкција на улицата Бутелска во општина Бутел. Покрај реконструкцијата на оваа значајна улица која се наоѓа во лоша состојба, во јули почнува и реконструкција улицата Перо Наков во општина Гази Баба, која со децении е заборавена и нереконструирана.
Во оваа втора фаза што ќе се реализира во јули почнува и реконструкцијата на улицата Рузвелтова, на потегот од булевар Илинден до булеварот Партизански одреди, а ќе се реконструираат и улиците Скоевска во општина Бутел, Димо Хаџи Димов и Славка Динкова во општина Кисела Вода.
Значајно за жителите на општина Кисела Вода е што во населбата Градинар почнува изградба на фекална канализација, а ќе почне и реализацијата на големиот проект за изградба, реконструкција и покривање на Усјански канал, со кој ќе се реши проблемот со проточноста и миризбата на овој канал и веќе нема да претставува еколошка опасност за овој дел од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.