Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, денеска извршија увид во градежните активности за реконструкција и поврзување на постојната водоводна мрежа во населбата Козле во општина Карпош, на потегот од улицата Нерешка до улицата Мокра.
Со поврзувањето на водоводната мрежа во населбата Козле се решава долгогодишниот проблем со слабиот притисок во водоводната мрежа во овој дел од градот и се обезбедува поквалитетно водоснабдување за жителите во населба Козле, пред се за жителите во високите зони во населбата. Особено подобрување ќе има во летните месеци кога потрошувачката на вода е зголемена. Реализацијата на овој проект изнесува околу 12 милиони денари – истакна градоначалничката Арсовска.
Со реализацијата на овој проект се поврзуваат два постоечки водоводи кои се дел од т.н. висока зона Жданец, односно се поврзуваат постоечкиот цевковод Ф100 висока зона на улица „Козле“ кај крстосницата со улицата Мокра од страна на населба Нерези со постоечкот цевковод Ф100 висока зона исто така на улицата Козле на крстосницата со улицата Нерешка – влезот во населбата Жданец. На терен деновиве се реализираат градежни активности за реконструкција на постоечките приклучоци на објектите од едната страна улицата „Козле“ кои гравитираат на потегот ул.Мокра – ул.Нерешка, а се врши и реконструкција на мал дел од постечките приклучоци на објектите долж улицата „1010“ која гравитира кон улицата „Козле“.
Реконструкцијата и поврзувањето на водоводната мрежа во населбата Козле е од големо значење за жителите на населените места Козле, Нерези и Жданец, кои со реализацијата на овој проект ќе добијат поквалитетно водоснабдување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.