Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на вонредната сединица на Советото на Град Скопје повторно го спомена изразот „шпицниот градоначалник“, мислејќи на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Таа праша зошто не се кандидирал за градоначалник, ако сакал да ја завршува таа функција, посочувајќи договори од минатиот директор на ЈСП (во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ), кој според неа, пслучувал договори што довеле до загуби на ЈСП.

-Нема да ви го шетам шпицниот градоначалник, кој секој ден сече ленти за отворање на чешми. Ако сакал да биде градоначалник, што не се кандидирал? Вашиот директор (Игор) Јанушев (директор на ЈСП во времето на власта на ВМРО-ДПМНЕ – н. з.), еве го овде на слика, склучил штетен договор со Маратон со кој за да бидат налепени автобусите со реклами ЈСП добива 7.000 денари, а фирмата 2.000 евра. Е такви штетни договори вашите луѓе склучувале и директно сте одговорни за загубите на ЈСП – рече Арсовска.

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и посочија дека Скопје за прв пат се случува да нема јавен превоз, а во согласност со тоа како што потенцираа, не може сите други да бидат виновни, а само таа да е во право.

Арсовска имаше повторни препукувања и со претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, па му рече дека тој не дал ниту еден конструктивен предлог, туку само како што истакна таа, каков скап телефон и службена кола сакал. На ова, Славевски рече дека ќе ја тужи Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.