Сè додека не се надмине енергетската криза градоначалничка на Скопје Данела Арсовска не може да каже кога ќе го реализира ветувањето за бесплатен градски автобуски превоз.
Чесно е да кажеме дека олку голема енергетска криза никој не очекуваше. Цените на енергенсите, на нафтените деривати, на мазутот, се толку високи во овој момент и ова што сега го правиме е практично нешто што многу го оптоварува буџетот на Град Скопје. Работиме во таа насока, меѓутоа сè додека не ја надминеме кризата, сега во овој момент не можам да кажам во која фаза ќе се реализира. Но, сè што беше ставено во програмата „Модерно Скопје“ ќе се реализира, тоа е нашата цел – рече Арсовска синоќа во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.