Сите фактури кон приватните превозници се исплатени, изјави денеска директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Александар Стојковски, на продолжението на 19-та седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, во однос на проблемите со приватните автобуски превозници.
Во период од моето доаѓање, па до овој ден, сите нивни фактури од моја страна се исплатени. Долгот кој ЈСП го има кон приватните превозници е нивно тековно побарување. Ако сметаат дека се пробиени роковите нека поднесат тужба, рече Стојковски.
Според него, договорите со приватните превозници остануваат исти, како што биле и досега.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на истата седница најави дека ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници, со цел, како што рече, тие што сакаат да работат да можат чесно да заработуваат.
Јас имам впечаток дека сите сме тука да го штитиме јавниот интерес, ако го штитиме приватнио џеб, демантирајте ме. Си има договорни обврски, некој не ги почитува, некој престана да ги вози граѓаните и договорите се раскинати. Ќе има јавен повик за превозници и тие ќе можат да си ја остваруваат својата дејност чесно, рече Арсовска.
Арсовска рече дека и кон ЈСП има долгови, како на пример тој од Оптшина Бутел но вели претпијатието на затвори булавари и не ја блокираше оптината.
Си има суд и таму преку тужба ќе се докажува кој кому му должи. Ние немаме опомена од приватните превозници, ниту тужба и така може да се реализира договорно право. Го поддржувам правото на протест, но единствените кои губат се граѓаните, рече градоначалничката.
Арсовска не одговори на на советничките прашања на кој начин приватните превозници фактурираат кон ЈСП за извршените услуги и колку картички се наплатени од приватните возачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.