Советничката во Град Скопје од СДСМ Лилјана Божиновски денеска на седницата наменета за советнички прашања до градоначалничката Данела Арсовска постави прашања за набавка на автобуси што ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Градоначалничката Арсовска смета дека нема ништо спорно во тоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преговара за набавка на автобуси и дека тој за разлика од СДСМ работи на реализација на проекти и носење инвестиции во земјава.
Советничката Божиновска ја праша Арсовска кој го овластил и во чие име Мицкоски како лидер на партија преговара за набавка на автобуси, дали таа ги има деталите за оваа набавка и начинот на плаќање со оглед на тоа дека дека во буџетот за 2022 нема пари за оваа намена.
Арсовска одговори дека во буџетот на Градот нема пари оти претходното раководство трошело пари на бифтеци и скапи вина.
За нешто да се набави, не мора да има пари, може да има грант, може да има проекти или европски донатори. Мене многу ме радува тоа што некој во оваа држава е проактивен и сака да донесе некоја инвестиција за разлика од вашите министри кои не најдоа за сходно 4 месеци да се јават и да речат – ајде нешто да направиме за граѓаните на Скопје. Вие за 4 години набавивте 33 автобуси, сега ние имаме 4 години да набавиме. Затоа престанете да напаѓате. Голема е штетата што не дозволивте да има и предвремени парламентарни избори за да ви ја пренесат пораката, рече Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.