Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во Истанбул, на 52-то генерално собрание на Европскиот олимписки комитет официјално ја потпиша ратификацијата за одржување на Европските младински олимписки игри во Скопје во 2025 година со раководството на Европскиот олимписки комитет и Македонскиот олимписки комитет.

Особена чест ни претставува што ќе бидеме домаќини на ваков реномиран меѓународен спортски настан. Посветено работиме да потврдиме дека Скопје секогаш е добар домаќин и одличен организатор, а овој реномиран спортски меѓународен настан е уште една одлична можност за афирмација и промоција на нашиот град како спортска и културна дестинација, изјави Арсовска.

На Европските младински олимписки игри во Скопје се очекува да учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти од 50 европски држави, кои ќе се натпреваруваат во 14 олимписки спортови.

Градоначалничката смета дека организацијата на настанот е одлична можност со поддршка на ЕУ да се инвестира во подобрување на нашите капацитети и инфраструктурата со што ќе се подобрат условите за спортување на младите генерации успешни спортисти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.