Заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и претставниците на урбани и рурални месни заедници од Општина Кисела Вода, денеска одржавме координативен состанок, соопшти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на својот фејсбук профил.

Пред претставниците на секторите од градот и јавните претпријатија се презентираа и се разговараше за предизвиците во општина Кисела Вода и понатамошни активности за нивно решавање.
Тимовите составени од секторски претставници од Град Скопје, како и од јавните претпријатија кои се под надлежност на Градот, веќе ги започнаа теренските активности за целосна проценка на состојбата со заборавените населби во Општина Кисела Вода, која ја сочинуваат 15 месни и урбани заедници, од кои девет урбани и шест рурални населени места. Континуирано се спроведуваат средби со граѓани, се врши проценка на затекнатата состојба и се работи на изготвување проекти кои Градот ќе ги имплементира во овие населени места.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.