Државната комисија за спречување корупција по сопствена иницијатива оформи предмет за Младинскиот културен центар. Ќе бидат преземени дејствија за утврдување на фактичката состојба, се вели во соопштението испратено до „Телма“.

Постапувањето по предметот е во тек. Постапувајќи согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси и Деловникот за работа, ДКСК ќе ги превземе сите дејствија за утврдување на фактичката состојба и носење на соодветна одлука, соопштија од ДКСК.

Комисијата истражува откако од 1 март директорот на МКЦ, Арбен Шаќири, не ги продолжи договорите на дело на 30 претходно ангажирани лица, со што дел од програмата на установата времено е запрена. Овој потег Шаќири го правдаше со добиеното известување од ДКСК, во кое се сугерирало дека согласно Изборниот законик, во изборен процес е противзаконски да се склучуваат договори со кои што се злоупотребува буџетот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.