Анима Мунди – здружение за заштита на животни ја поздрави одлуката на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за разрешувањето на сега поранешниот директор на скопската Зоолошка градина, Кристијан Стаменов и бара од институциите (МВР, АХВ) итно да постапат и најстрого го казнат екс-директорот, како и сите кои биле инволвирани, ставиле потпис и ја аминувале одлуката за колеж на животните!

Згрозени сме од настанот во Зоолошката градина во Скопје. Свирепо убиство на 16 копитари (искористувани, мачени цел живот; меѓу нив и млади ждребиња) е надвор од сите законски прописи и правилници е нешто што не е одлика на нормална држава – велат од Анима Мунди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.