„Она до кое што стигнавме од различни извори е дека е испразнета сметката на градот, а се заканува и целосна блокада со извршни решенија. Таа е испразнета заради тоа што не се прибрани доволно средства од сите давачки кои граѓаните ги имаат кон градот Скопје, тоа е данокот на имот и останатите такси и давачки кои ги имаат“, истакна советникот во Град Скопје Стефан Андновски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во Централниот дневник на Телевизија Сител.
Тој додаде дека тоа е така поради неспособноста на менаџерството на Арсовска тие да ги изменаџираат примањата, а се трошат средства без план
Имаме околу 2,5 милиони евра долг на ЈСП кон приватните превозници. Во исто време ЈСП побаруваше и му беше овозможена буџетска рамка од страна на градот Скопје субвенции при потешкотии во работењето и тие средства се исплаќаат кон ЈСП, кажа Андоновски.
Андоновски истакна дека уште од месец октомври предупредувал за договорите со приватните превозници.
Уште од октомври месец предупредував да не се прекинуваат договорите со приватните превозници затоа што ќе се плаќаат долгови и да се плаќаат долговите субцесивно и да не се натрупува долгот, тоа не се слушаше, рече Андоновски.
Андоновски посочи дека сега сме во ситуација со натрупан долг од 2,5 милиони евра да мора да треба да се исплати кон приватните превозници затоа што тие не сакаат да возат додека не ги добијат средствата.
Тој е дециден дека во лоша ситуација се наоѓаат вработените во Град Скопје кој живеат од таа плата и живеат од тие исплати кои градот Скопје треба да ги направи.
За овој месец надоместок советниците немаат добиено. Но не би сакал да се жалам затоа што во многу полоша ситуација се вработените затоа што живеат од плата и живеат од овие исплати кои што треба да ги направи град Скопје и во јавните претпријатија кои што се жалат на не навременото исплаќање на плати се сеќаваме и на протестите кои што ги организираше синдикатот во ЈСП за неисплатени плати, така што многу е сериозна ситуацијата, многу сме загрижени и не можат граѓаните да посведочат за еден настан за кој што ние ќе донесеме добри вести од градот Скопје и тоа навистина искрено ме загрижува, нагласи Андоновски.
Тој додаде дека коалицијата на СДСМ, ДУИ, Левица и поддржувачите на Данела Арсовска ги гласаат сите финансиски планови и програми за кои што сега критикуваат.
Запрашан за промена на Уставот, Андоновски истакна дека промената на Уставот е суверено право на македонскиот народ, граѓанин и претставници во парламентот. Ако се собере мнозинство во овој состав нека повелат и нека ги дадат уставните промени во Собранието. Такви промени нема затоа што свесни се дека ВМРО-ДПМНЕ во вакви околности не е подготвено да гласа за промена на Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.